15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ: На Грците треба безусловно да им се ублажи долгот

ММФ: На Грците треба безусловно да им се ублажи долгот

mmf grcija eu

На Грција и е потребно безусловно ублажување на товарот од долгот од страна на европските кредитори со цел да биде во можност да ја поврати финансиската сила, наведува ММФ.

Ублажувањето на товарот од долгот на Атина мора да биде пошироко, се додава во новата анализа на Меѓународниот монетарен фонд за одржливоста на грчкиот долг, пренесува агенцијата Франс прес.

Фондот, исто така, укажа на ограничените перспективи на Атина поврзани за достигнувањето на силниот економски раст и буџетскиот суфицит.

Министрите за финансии на еврозоната денес во Брисел ќе расправаат за ублажувањето на товарот од долгот на Грција и за деблокирањето на исплатата на нова транша од помошта за Атина.

Грција и нејзините кредитори од Европската унија веќе подолго време преговараат за олабавувањето на грчкиот долг, што според оценките на Меѓународниот монетарен фонд мора да се реализира со цел таа институција да заземе учество во програмата за помош на Грција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП