6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈакнењето на јенот по самитот на Г7 го запре подемот на доларот

Јакнењето на јенот по самитот на Г7 го запре подемот на доларот

dolari 3030

Силната низа показатели за јапонската трговска размена во понеделникот го поткрепи новиот раст на јенот на меѓународните девизни пазари, поради што подзапре остриот подем на американската валута во изминатите три седмици со очекувањата дека во САД наскоро би можеле да бидат зголемени каматните стапки.

На пазарите на акции во Европа и во Азија на почетокот од седмицава вложувачите тргуваа претпазливо, па порасна побарувачката на јенот, традиционално засолниште за капиталот во неизвесните времиња за економијата. Јапонската валута зајакна 0,6 отсто, во однос на американската, па така со доларот се тргуваше по 109,53 јени, а јенот беше во добивка и во однос на еврото.

Во таквите околности индексот на доларот, кој ја мери вредноста на американската валута во однос на другите шест најзначајни валути од земјите најголеми трговски партнери на САД, се задржа на 95,211 поени, речиси на истото ниво како и на затворањето на тргувањето на њујоршкиот пазар во петокот. Со тоа се држи малку под највисокото ниво во последните два месеца од 95,520 поени, кое го достигна во четвртокот. Минатата седмица зајакна за 0,8 отсто, бележејќи раст трета седмица по ред.

Еврото во таквата атмосфера на меѓународните валутни пазари остана речиси непроменет во однос на доларот во однос на претходното затворање, на 1,1205 долари.

Состанокот на министрите за финансии и челниците на централните банки на седумте индустриски најразвиени економи во светот од групата Г7 заврши во саботата во Јапонија во атмосфера на и натаму присутните несогласувања во врска со валутните движења. Така, САД предупредија дека Јапонија треба да се воздржи од интервенција на валутните пазари. Во таквите околности под дополнителен притисок се најде акцискиот индекс на берзата во Токио, лизнувајќи се за повеќе од еден процент, што пружи дополнителна поддршка на јенот.

Во фокусот во понеделникот беше јапонскиот трговски биланс кој во април забележал вишок трет месец по ред. Доколку извозот на некоја земја го надминува нејзиниот увоз, како што е во случајот на Јапонија во последниот период, во теоријата тоа значи дека постои голема побарувачка за јапонските стоки, па така и за јенот.

„Податоците за април во најголем дел се резултат на слабиот увоз. Па, сепак, тие беа доволни да го поттикнат купувањето на јенот“, толкува за Reuters Масаши Мурата, виш валутен аналитичар во компанијата „Brown Brothers Harriman“ во Токио.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП