16 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИзјавите од Техеран ги спуштија цените на нафтата кон 48 долари

Изјавите од Техеран ги спуштија цените на нафтата кон 48 долари

nafta ee88

Цените на нафтата паднаа во понеделникот на меѓународните пазари кон нивото од 48 долари откако Иран повтори дека нема да го зауздува своето производство, што повторно го сврти вниманието на инвеститорите на прекумерното глобално снабдување.

На лондонскиот пазар цената на барелот сирова нафта падна на 41 цент во однос на претходното затворање на пазарот и изнесуваше 48,31 долар. На американскиот пазар со барелот се тргуваше по 50 центи пониско ниво, од 47,91 долар.

На почетокот од седмицата во фокусот на пазарите беше неделната изјава на помошникот ирански министер за нафта Рокнедин Џавади за иранската новинска агенција Mehr дека неговата земја нема да го намалува производството и извозот на нафтата. Иран извезува два милиони барела дневно, без гасен кондензат, а до средината на летото ќе извезува 2,2 милиони барели дневно.

Неговите изјави дополнителни ги придушија надежите дека членките на Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) на редовната средба во Виена на 2-ри јуни може да донесат одлука за координирано замрзнување на производството. Воедно се неутрализираа грижите поради непланираните застои во производството на нафта во Канада, Нигерија и Либија.

Така вниманието на пазарите повторно се насочија кон прекумерното снабдување, дополнително зациментирано со минатонеделните податоци за стагнацијата на бројот на нафтените бушотини во САД, по двегодишниот период на нивниот пад. Ова стагнирање и изјавите на иранските функционери покажува дека на растот на цените на нафтата може да му дојде крајот, сметаат аналитичарите.

Во одвоениот извештај OPEC соопшти дека референтната цена ба барелот кошница негова нафта во петокот изнесувала 44,77 долари, што значи дека пораснала за 93 центи во однос на претходниот трговски ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП