18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВоспоставен нов фонд за справување со кризата во образованието на глобално ниво

Воспоставен нов фонд за справување со кризата во образованието на глобално ниво

kriza-ucilishta

Низа светски и национални организации воспоставија во понеделникот на состанокот на Светскиот хуманитарен самит во турската престолнина Истанбул нов фонд за подобра координација на поддршката и насочувањето на инвестициите во образованието за децата и младите луѓе кои се зафатени од хуманитарни вонредни состојби и пролонгирани кризни состојби.

Спроед процените на Обединетите нации, во моментов едно на четири деца на училишна возраст во светот, или околу половина милијарда, живеат во земји кои се зафатени со криза. Околу 75 милиони од овие деца и млади или го пропуштаат образованието, добиваат настава од слаб клавитет или се во ризик целосно да го напуштат училиштето.

„Образованието не може да чека“ (Education Cannot Wait) е фонд за образование во вонредни состојби, објавен во текот на Светскиот хуманитарен самит во Истанбул, има за цел да бидат опфатени над 13,6 милиони деца и млади кои живеат во кризни состојби, како што се конфликти, природни непогоди и појава на болести, со квалитетно образование во текот на следните пет години, и 75 милиони деца и млади на кои очајно им треба образование до 2030 година.

Фоднациајта „Dubai Cares“, Европската унија, Холандија, Норвешка, Одделот за меѓународен развој на ОН; и владата на САД, досега имаат дадено свој финансиски придонес.

„Постои итна потреба да се обезбеди дека на децата кои се прилисени да бегаат не им се одрекува правото на образование. Education Cannot Wait има потенцијал да го трасира патот преку развој на алатки кои се потребни за да се обезбеди образование и дава ветување за отворање на нови извори на финансирање”, рече администраторот на Американската агенција за меѓународен развој, Гајл Смит.

Образовните системи ширум светот се уништени заради насилни вооружени конфликти, природни непогоди и здравствени вонредни состојби, заради што децата се осиромашени од вештините кои им се потребни за да градат безбедни и силни заедници и економии кога ќе станат возрасни луѓе.

Помалку од отсто од хуманитарната помош, во просек, се распределува како фондови за образование. Покрај тоа, образовните системи кои се опремени да се справуваат со пролонгираните кризи не може да се градат на основ на краткорочни и непредвидливи барања. Education Cannot Wait, со кој ќе се обезбедат 3,85 милијарди американски долари во текот на пет години, има цел да се премости јазот меѓу хуманитарните интервенции во текот на кризата и долгорочниот развој потоа, преку предвидливо финансирање.
„Денес 37 милиони деца кои живеат во конфликтни или кризни состојби не добиваат образование. Една генерација млади луѓе пропушта да биде образувана, и е измамена за нивната иднина, а тоа не претставува основа за мирна и стабилна иднина. Нивното образование не може да чека, ниту, пак, нашата поддршка”, се надоврза секретарот за меѓународен развој на Обединетото Кралство, Џастин Грининг.

„Обединетото Кралство ги предводи заложбите да се одговори на овој глобален предизвик, помагајќи да се воспостави Иницијативата Да немаме изгубени генерации, заедно со УНИЦЕФ и партнерите за да се обезбеди образование на децата бегалци од Сирија, иако тие се само дел од милиони деца ширум светот кои исто така се засегнати. Токму затоа Обединетото Кралство ја поддржува иницијативата Образованието не може да чека со доделување на 30 милиони британски фунти. Обдинетото Кралство би сакало да види дека меѓународната заедница ги зајакнува заложбите за да се опфати секое дете со образованието кое му е потребно за да има посветла иднина”, додаде Грининг.

„Сега мора итно да се дејствува заради зголемениот број на деца кои се засегнати. Овие млади луѓе не посетуваат училиште и тоа прераснува во „голема глобална криза“ која ќе зафати многу генерации,” рече специјалниот претставник за образование на глобално ниво на ОН, Гордон Браун.

„Новиот фонд ќе помогне да се направи клучната врска помеѓу хуманитарната помош и долгорочниот развој со цел да не се заборави на образованието на децата,” рече Јулија Гилард, претседател на Глобалното партнерство за образование (ГПО) и додаде дека организацијата силно ја поддржува иницијативата и оти е обврзана да ја направи успешна така што децата ќе можат да одат на училиште и во време на конфликти, вонредни состојби и продолжени кризи.

Глобалното партнерство за образование функционира во над 60 земји во развој за да се обезбеди дека секое дете добива квалитетно основно образование, каде предност се дава на најсиромашните, најранливите и оние кои живеат во земји кои се ранливи и зафатени од конфликти. Глобалното партнерство го мобилизира финансирањето за образование и ги поддржува земјите во развој да се изградат ефективни системи за образивание врз основа на планирање и политики засновани на докази.

„Денес на 75 милиони деца им се одрекува правото на образование заради хуманитарните вонредни состојби и кризи. Образованието има клучно значање ако сакаме овие деца да имаат иднина. Отворањето на фондот Образованието не може да чека доаѓа во вистинскиот момент,” смета министерот за надворешна трговија и развој на Холандија, Лилиен Плаумен.

„Ова е вистинската иницијатива во вистинско време. Мораме да ги зајакнеме нашите заложби за да обезбедиме квалитетно образование на нашите деца и млади во зоните на конфликти и кризи. Не можеме да си дозволиме иднина со милиони деца кои се без образование,” рече норвешкиот министер за надворешни раоти, Борге Бренде.

„На децата не само што им треба образование во вонредни состојби, туку образованието особено им треба во вонредни состојби” Без образование, како ќе се стекнат со знаења и вештини за да ја трасираат својата иднина – и еден ден да дадат свој придонес за градењето на помирна и стабилна иднина за нивните општества? Како можеме ние да се надеваме дека ќе ги постигнеме глобалните развојни цели за образование доколку не се фокусираме на децата кои се заглавени во хуманитарните вонредни состојби – и кои претставуваат речиси половина од сите деца кои не посетуваат училиште денес?”, рече извршниот директор на УНИЦЕФ, Ентони Лејк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП