2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОбезбедени 50.000 дози вакцини против болеста чвореста кожа кај говедата

Обезбедени 50.000 дози вакцини против болеста чвореста кожа кај говедата

kozlesta

Обезбедени се 50 илјади дози од вакцината против болеста „чвореста кожа“ или „јазлеста кожа“ кај говедата, за итна вакцинација на добитокот во 19 општини во Македонија, извести во понеделникот Агенцијата за храна и ветеринарство

Итната вакцинација на говедата ќе се одвива во деватнаесетте општини во источна и југоисточна Македонија, и тоа Демир Капија, Штип, Василево, Радовиш, Босилово, Делчево, Виница, Пехчево, Берово, Ново Село, Струмица, Валандово, Дојран, Македонска Каменица, Гевгелија, Кратово, Конче и Зрновци, Богданци.

„Со цел сузбивање и искоренување на болеста и намалување на ризикот од нејзино ширење, согласно подготвениот план, со вакцинацијата ќе бидат опфатени зоните под надзор и заштитните зони во општините каде има потврдени позитивни грла, како и во областите кои се граничат со овие зони“, се наведува во соопштението на Агенцијата.

Ветеринарните друштва кои имаат склучено договор со Агенцијата за храна и ветеринарство се носители на активностите за вакцинација и тие веќе се задолжени со вакцините. Дел од нив во понеделникот под надзор на официјален ветеринар почнаа со вакцинација на добитокот против болеста.

Со вакцинацијата ќе бидат опфатени сите животни од видот говеда, без оглед на нивниот пол, возраст и месец на гравидност.Обезбедената количина вакцини е доволна со вакцинација да се покрие целата популација говеда во гореспоменатите региони и општини каде што е присутна болеста „чвореста кожа“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП