22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗапочна реконструкцијата на патот Велебрдо - Битуше

Започна реконструкцијата на патот Велебрдо – Битуше

bituse 33

Започна реконструкцијата на патот Велебрдо – Битуше во должина од 1,3 километри, јави дописникот на Макфакс.

Стартот на градежните работи на овој патен правец во понеделник го означи градоначалникот на општина Маврово – Ростуше Мукрем Мехмеди кој нагласи дека станува збор за многу битна реконструкција која се реализира по цели 30 години.

Реконструкцијата на патот ќе значи развој на селскиот туризам, но и развој на сточарството во регионот на Река и пошироко.

Инвестицијата е на Агенцијата за финансирање и поддршка на земјоделството и руралниот развој. Директорката на оваа институција Билјана Вуковиќ, нагласи дека станува збор за инвестиција во висина од 7, 5 милиони денари, со која ќе се изврши целосна реконструкција на овој патен правец кој е во тешка состојба повеќе декади.

Селата Велебрдо и Битуше се едни од најубавите Рекански села, кои имаат одлични услови за развој на руралниот туризам.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП