17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВелика Британија од Brexit би загубила половина милион работни места

Велика Британија од Brexit би загубила половина милион работни места

велика-мелика

Велика Британија би изгубила најмалку половина милион работни места за две години по евентуално излегување од Европската унија(ЕУ), а падот на вредноста на фунтата остро би ја зголемил инфлацијата, рече во понеделник британскиот министер за финансии Џорџ Озборн.

Еден месец пред одржувањето на референдумот за членството на Велика Британија во ЕУ, Озборн изјави дека примањата на работниците, кога би се усогласиле со инфлацијата, би биле најмалку три отсто пониски најмалку две години по референдумот, што одговара на 800 фунти годишно помали приходи за некој што работи полно работно време за просечна плата.

Озборн изјавата ја даде во врска со новиот извештај на Министерството за финансии за кракорочните последици на гласањето за ‘оут’ од ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП