5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПромовиран асфалтираниот пат до село Суво Грло

Промовиран асфалтираниот пат до село Суво Грло

асвалт

Асфалтираниот пат до село Суво Грло беше промовиран денес.

Станува збор за пристап до селото од регионалниот пат во должина од околу четири километри и со вредност од 16 милиони денари (без ДДВ) при што локалната самоуправа издвојува три милиона денари (без ДДВ) а преостанатите средства во висина од 13 милиони денари се на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието.

„На овие луѓе им даваме шанса да опстанат на своите прадедовски огништа. Тоа нека биде поттик да ги развиваме селата бидејќи имаме потреба од тоа. Целиот проект е завршен за кратко време“, рече штипскиот градоначалник Илчо Захариев.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП