11 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСо Здравје + Прв до врв

Со Здравје + Прв до врв

13244243_1356141857735290_7812409373357563469_o

Функционалниот јогурт Здравје + викендов беше дел од традиционалното искачување на врвот на Водно…

Огромен број на скопјани, луѓе од различни старосни групи, спортисти, рекреативци, семејства со деца, вчера по 4ти пат беа дел од манифестацијата Прв до врв. Тие можеа да одберат да се натпреваруваат во неколку дисциплини како планинско трчање, планински велосипедизам, друмски велосипедизам или едноставно да бидат дел од олимпискиот пикник каде што се оддржа еко музички фестивал. Млекара Здравје Радово во рамките на своите активности од кампањата Здравје во твои раце, каде што традиционално го промовира здравиот начин на живот, редовната физичка и спортска активност, потенцирајќи го фактот дека се е во наши раце, беше дел од оваа урбана манифестација

IMG_20160522_110109

– Прв до врв стана синоним и бренд за почитувачите и љубителите на природата и здравиот начин на живот. Оваа манифестација ги спои вљубениците во планината, велосипедистите, планинарите и сите оние кои внимаваат на својата форма и своето здравје. Функционалниот јогурт Здравје + ги споделува секојдневно истите вредности. Виталност, енергија, хармонија во секој дел од денот! Ни преставуваше огромно задоволство што бевме дел од поддржувачите на вистинските вредности. Наша заедничка цел е што повеќе млади луѓе преку вакви манифестации да станат свесни за потребата од редовна физичка активност но и одговорни кон сопствената исхрана – истакна Милка Исјановска маркетинг директор на Млекара Здравје Радово.

IMG_20160522_142507

На врвот на Водно, сите оние кандидати кои ја поминаа целта, имаа прилика да дегустираат Здравје + функционален јогурт, но и да слушнат за здрвствените придобивки од неговото редовно консумирање. Забавата беше зачинета со пикник и музичка забава, која ја надополнија Гоце Саф, Бета Хаус и Сластаристика, а сите учесници кои стигнаа први на целта по категории добија вредносни ваучери од Млекара Здравје Радово.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП