19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрестижна награда за Силјан Мицевски, Личност на Југоисточна Европа за 2016

Престижна награда за Силјан Мицевски, Личност на Југоисточна Европа за 2016

силјан-мице

Истакнатиот бизнисмен, генерален менаџер на градежната компанија „Пелистер“, поранешен градоначалник на Битола, актуелен почесен конзул на Србија во Македонија, Силјан Мицевски оваа година е награден со престижното признание „Личност на Југоисточна Европа“ како поддржувач на културата и спортот во областа на Југоисточна Европа.

Престижното признание „Личност на Југоисточна Европа“, кое Одборот на Филмскиот фестивал за Југоисточна Европа секоја година го доделува на исклучителни личности од регионот на Југоисточна Европа, за 2016-та му припадна на почесниот српски конзул во Македонија, Силјан Мицевски.

Во писменото известување и образложување на Одборот до Мицевски стои: „Решивме признанието „ЈИЕ Личност 2016“ да ви го доделиме за вашиот долгорочен придонес и ангажман во регионот на Југоисточна Европа како голем бизнисмен, генерален менаџер на градежната компанија „Пелистер“, поранешен градоначалник на Битола, актуелен почесен конзул на Република Србија во Република Македонија, и како поддржувач на културата и спортот во областа на Југоисточна Европа“, стои во известувањето од фестивалскиот одбор.

Церемонијата на доделувањето на ова престижно признание ќе се одржи на 26-ти мај 2016 година во еден од најстарите универзитети во Европа, а тоа е Универзитетот „Хумболт“ во Берлин кој работи од 1810 година, наградата ќе му ја врачи ректорот на Универзитетот проф. д-р Сабине Кунст.

Инаку, наградениот Силјан Мицевски е познат македонски стопанственик, спортист, поддржувач на културата, уметноста и спортот, донатор, актуелен почесен конзул на Република Србија во Република Македонија и поранешен градоначалник на Општината Битола. Мицевски е магистер на економски науки и генерален менаџер на Градежното претпријатие „Пелистер“ – Битола од 1968 година, кое успешно работи на голем број проекти во Македонија и надвор од неа, односно во Бугарија, Германија, Русија, Црна Гора итн, при што вработува над 1.000 работници.

Неговата пасија кон спортот, посебно кон ракометот е присутна до ден денес. Имено, тој бил активен ракометар, меѓународен судија, потоа претседател на РК „Пелистер“ – Битола, кога клубот под негово водство ги има освоено најголемите успеси на националните елитни ракометни купови. Тој, исто така, беше и долгогодишен член на Управата на Ракометниот Сојуз на Југославија и на Ракометниот Сојуз на Македонија.

Силјан Мицевски од 1996 година беше избран за прв градоначалник на демократски избори во Република Македонија, со мандат до 2000 година. Од 2007 година ја извршува функцијата на почесен конзул на Република Србија во Република Македонија, при што континуирано дава голем придонес во развојот на добрососедските односи на полето на економијата, науката, хуманизмот, културата и спортот.

Воедно тој е добитник на голем број награди и признанија, меѓу кои: Наградата „4-ти Ноември“ на градот Битола во 1979 и 1996 година, потоа наградата во „Златната категорија – Париз 2003 година при WQC – интернационална Ѕвезда Награда“, која му е доделена во 2003-та година на 20-та Интернационална WQC конвенција во Европа во конкуренција од 166 земји од светот итн.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП