12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ ги пофали реформите во Саудиска Арабија

ММФ ги пофали реформите во Саудиска Арабија

mmf38

Меѓународниот монетарен фонд(ММФ) ги пофали реформите во Саудиска Арабија во насока на намалување на зависноста од нафта и повика на примена на дополнителни мерки за покривање на дефицитот.

„Во претходните 12 месеци е видливо значително забрзување на имплементацијата на реформите во Саудиска Арабија. Саудиската фискална политика на соодветен начин се прилагодува на падот на цената на нафтата“, соопшти ММФ, по посетата на оваа држава, охрабрувајќи ја контролата на јавната потрошувачка и измените во цените на енергентите.

Сепак, како што додава ММФ, потребни се дополнителни акции за урамнотежување на буџетскиот дефицит, кој, според некои проценки, ќе изнесува 14 отсто од бруто домашниот производ(БДП) во оваа година, пренесува Танјуг.

Саудиска Арабија неодамна претстави план наречен „Визија 2030“ со кој се предвидува долгорочна трансформација на економијата, со цел диверзификација на економскиот раст, намалување на зависноста од нафта и зголемување на улогата на приватниот сектор.

Саудиска Арабија забележа рекорден буџетски дефицит од 98 милијарди долари минатата година, а за оваа година се предвидува кусок од 87 милијарди долари.

Заради сериозните последици од падот на нафтените приходи врз саудиската економија, меѓународните бонитетни агенции го намалија кредитниот рејтинг на Саудиска Арабија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП