ПочетнаКОМПАНИИФолксваген договори зголемување на платите на работниците во Германија

Фолксваген договори зголемување на платите на работниците во Германија

folku3344

Управата на Фолксваген договори со синдикатот зголемување на платите од пет отсто во следната година, иако компанијата минува низ тежок период по скандалот со тестовите за издувните гасови.

Заработките ќе бидат зголемени пет отсто во следната година и половина, а зголемување можат да очекуваат само работниците во Германија, што е околу 20 отсто од вкупната работна сила што ја вработува VW групацијата.

На работниците на Фолксваген им е исплатен редовниот бонус што изнесуваше 3,95 илјади евра, што е околу 30 отсто помалку во однос на бонусот од претходниот период.

Акциите на Фолксваген паднаа 40 отсто по откривањето на скандалот со тестовите на издувните гасови.

Против компанијата се покренати 17 тужби кои се вкупно тешки преку 16 милијарди евра.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП