Норвешкиот инвестициски фонд може да биде принуден да продава вложувања во компании за јаглен, како и да се соочи со пошироки забрани за инвестиции во други фосилни горива како нафтен песок, пренесува „Bloomberg“.
Партиите од мнозинството во норвешкиот парламент предвидуваат затегнување на барањата кон Фондот за поседување на компании кои формираат над 30% од своите активности и приходите од термички јаглен. Промените можат да влезат во сила во почетокот на следната година, рече Торстејн Солберг, кој ја претставува Лабуристичката партија во Норвешка, најголемата партија во земјата.
„Се уште не сме завршиле, има уште работа која треба да биде завршена. Гледаме дека има слабости, кои можат да се подобрат. Нашата цел е Фондот да инвестира во квалитетни средства, што значи дека треба да ги затвориме сите дупки“, рече тој во своето интервју.
Лабуристичката партија, партијата на Зелените, Социјалистичката партија, Либералите и Демохристијаните, исто така сакаат новите барања да влијаат на компаниите чиј јаглен или потрошувачка достигнува огромни димензии на глобално ниво, дури и овие активности да формираат помалку од 30% од нивниот бизнис.
Покрај тоа владејачките партии предвидуваат дополнителни мерки со кои нема да им дозволат на подружници-компании да ги заобиколат овие ограничувања, имено да се прошири опсегот на забранетите активности, вклучувајќи кон нив транспорт на јаглен или нафтен песок.