17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо април граѓаните и компаниите повлекле над 108 милиони евра, загубиле повеќе...

Во април граѓаните и компаниите повлекле над 108 милиони евра, загубиле повеќе од 217 милиони денари

mkd

Во април, граѓаните и компаниите, од банките повлекле 108,3 милиони евра, како резултат на влијанието коешто го изврши политичката криза и ширењето оркестрирани шпекулации чија цел беше создавање притисок врз банкарскиот систем.

Најголем дел од овие пари повлекле граѓаните, намалувајќи ги депозитите и во денари и во странска валута.

Македонските граѓани изгубија повеќе од 217 милиони денари(3,5 милиони евра) како резултат на повлекување и предвремено раскинување на депозитите.

Граѓаните ќе забележат трошок и на курсни разлики при промена на валутите од една во друга, кој НБРМ го проценува на околу 400 илјади евра.

Народната банка навремено интервенираше, со кои беше обезбедена потребна девизна ликвидност преку интервенции на девизниот пазар и со зголемувањето на основната каматна стапка на 4%, и почна континуирано намалување на побарувачката за девизи.

Според изјавата на првиот човек на НБРМ, Димитар Богов, речиси целосно е запрено повлекувањето на депозти во претходните две недели и ситуацијата е стабилизирана.

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП