19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрчкиот парламент ги донесе мерките за штедење

Грчкиот парламент ги донесе мерките за штедење

грцхка-грцхка

Грчките пратеници во неделата вечерта ги прифатија новите мерки за штедење кои ги бараат меѓународните доверители, како услов за исплата ја следниот пакет странска финансиска помош, пред средбата на Еврогрупата.

Со просто мнозинство од пратениците на коалицијата којашто ја води левичарската Сириза на премиерот Алексис Ципрас го прифати нацрт законот на 7.000 страници, кој е многу непопуларен меѓу Грците, и кој предвидува автоматски корективен механизам доколку дојде до непочитување на буџетската дисциплина и дополнителни мерки за забрзување на приватизацијата на државните компании и зголемувањето на индиректните даноци.

Во саботата започна во главниот град Атина 48-часовниот штрајк на работниците во јавниот транспорт против зголемувањето на даночните стапки за да се соберат пари за исплата на заемите од меѓународните кредитори, а со новиот закон грчката влада сака да собере 1,8 милијарди евра преку зголемените даноци на горивата и услугите во угостителството, како и во јавниот сообраќај.

Грчкиот парламент мора да ги прифати овие мерки за да се соберат доволно средства за земјата да може на меѓународните кредитори – Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд да им го отплатува заемот од 86 милијарди евра од третиот пакет помош и да започне да преговара за намалувањето на грчкиот долг.

Данокот на пијалак и храна,вклучително и консумациите во рестораните и баровите, би се зголемиле од 23 на 24 отсто, според новиот закон. Данокот на билетите за локалниот и меѓуградскиот јавен сообраќај, исто така, би се зголемиле на 24 отсто.

Поголема стапка за данокот на додадена вредност (ДДВ) се воведува и на цигарите, на фиксните телефонски линии и на телевизиската претплата. Зголемените давачки и намети за хотелското сместување во Грција ќе бидат воведени од 2018 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП