18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКафулињата на „Ленинова“ ќе ги повлечат терасите од тротоарите

Кафулињата на „Ленинова“ ќе ги повлечат терасите од тротоарите

lr

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски на средба со сопствениците на кафулињата на улица „Ленинова“ заеднички договориле да се отстрани незаконски поставената урбана опрема, која е поставена со одобрение од град Скопје, во растојание до 2,5 метра од ивицата на тротоарот.

„И сопствениците на локалите увидоа дека поради терасите кои се протегаат до самиот крај на тротоарите и паркираните автомобили од двете страни на улицата, граѓаните на најфреквентната дебармаалска улица мораат да се движат по коловозот, со што беше загрозена нивната безбедност, а и целиот простор е загушен“, соопштуваат од Општина Центар.

Оваа средба доаѓа по жалбите од жителите на овој дел од Центар, но и од сите кои минуваат по оваа улица. Надлежните во општина Центар ќе реализираат вакви средби и акции секаде каде што има незаконски поставена урбана опрема.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП