12 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Божиновски часовници и накит“ ги презентираше Swatch POP часовниците во Концепт37

„Божиновски часовници и накит“ ги презентираше Swatch POP часовниците во Концепт37

naslov

Swatch е швајцарски бренд кој во 1983 година направи револуција во класичното часовничарство со претставувањето на првиот пластичен часовник изработен во Швајцарија. Одеднаш часовниците не беа веќе начин само како да се мери времето. Станаа нов начин на тоа како да се прикажеме себе си, без зборови.

Уште од своите почетоци, Swatch бил поврзан со модерната уметност. Swatch часовниците се уметничко дело самите по себе. Воедно се и уникатен медиум за модерната уметност и начин да се покаже креативноста на свој и посебен начин.

DSC_0154

Кога инспирација на Swatch ќе се сретне со креативноста на уметниците, се добиваат уникатни дела. Едни од тие дела се специјалните фотографии кои Иван Петрушевски ФЛИМ (FLIM) ги изработи инспириран од разиграниот и откачен Swatch POP часовник.

FLIMxSwatch е селектирана серија на фотографии кои ги оживуваат Swatch POP часовниците во реалност и даваат нова димензија за тоа што го перципираме како реалност и фантазија.

DSC_0387

Каде оди времето? Според новата колекција Swatch POP тоа оди во милијарда различни дестинации. Овие впечатливи часовници имаат куќиште кое лесно се вади и може да се носат на бескрајно многу начини и на дестинации каде што ве носи вашата имагинација. Во еден момент тие одбројуваат на вашата рака, а во следниот се прикачени на сладок синџир.

Срцето на колекцијата Swatch Pop се девет часовници кои се дизајнирани за да гарантираат ослободување на вашата имагинација и креативност.

Три се црно-бели часовници дизајнирани имајќи ги на ум графичките дизајнери кои секогаш ги ценат чистите форми и линии. Три се колоритни креации кои наместо бројки, имаат конфети и три се уникатни дизајни кои ќе го уловат секој поглед. Спојот на неонските бои и ПОП арт е она што дополнително ги истакнува овие часовници, покрај куќиштето кое лесно се вади. Секој од часовниците е спакуван со специјален додаток кој ви овозможува да го однесете вашиот Swatch POP на нова досега невидена дестинација за него.

aaa

Часовниците беа презентирани во петокот на 20 мај во Концепт37 од страна на нивниот ексклузивен застапник за Македонија „БОЖИНОВСКИ ЧАСОВНИЦИ И НАКИТ“. Презентацијата ја водеше Марко Новески, кој е актуелен радиоводител на новата емисија „Сказалки“. На самиот настан беа прикажани и фотографиите на графичкиот дизајнер и илустратор Иван Петрушевски ФЛИМ. Гостите уживаа во атмосферата на оваа уникатно интересна забава со познатиот ДЈ Чваре.

DSC_5642

Невозможно е да се предвиди каде овие колоритни мерачи на времето ќе се појават следниот пат. Swatch POP е уникатен медиум за да ја искажете вашата креативност и доказ дека сѐ е можно.

Компанијата „БОЖИНОВСКИ ЧАСОВНИЦИ И НАКИТ“ постои на македонскиот пазар веќе 20 години, со продажни салони во Скопје и во Битола, како и мрежа на агенти низ државата. Тие се горди претставници за швајцарските брендови за часовници и накит: Swatch, Calvin Klein, Tissot, Longines, Omega, Breitling, TAG Heuer, MontBlanc и други.

DSC_0059

DSC_5833

DSC_0089

DSC_5740

DSC_0446

DSC_5783

DSC_0165

DSC_0072

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП