28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМенаџерот кој го чини Гугл преку 100 милиони

Менаџерот кој го чини Гугл преку 100 милиони

Neal-Mohan_b_100413

Кога пред две години, Твитер беше во криза тие започнаа повеќемесечна кампања се со цел овој микроблогинг сервис да се претвори во сериозна компанија. На мета беше Нил Мохан, но тој ја одби понудата.

Сите се прашуваа зошто тоа се случило, а одговорот е поради чекот со огромна сума со која Гугл го задржа Мохан во своите редови. Според некои медиуми износот на чекот бил поголем од 100 милиони долари.

Две години откако Мохан ја прифати оваа одлична понуда цената на акциите на компанијата порасна за 35 проценти, па така неговиот договор го направи вреден 150 милиони долари.

Многумина Мохан го карактеризираат како визионер кој предвидел дека огласувачите ќе ги вложуваат своите пари за реклами на интернет,  а таа своја визија ја претвори во план и ја спроведе на дело.

На почетокот на кариерата Мохан бил скромно платен, па така годишно заработувал 60.000 долари.

Во ноември 1997-та година кога „DoubleClick“ го купи „Net Gravity“, Мохан се преселил од Калифорнија во Њу Јорк и тука го достигнал врвот во својата кариера со тоа што станал еден од најпосакуваните менаџери во областа на интернет огласувањето за кого Гугл очигледно не жалел што платил преку 100 милиони долари.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП