15 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГрафик на денот: Американските компании држат 1,7 илјади милијарди долари во кеш

График на денот: Американските компании држат 1,7 илјади милијарди долари во кеш

amkompani

Американските компании собираат се повеќе пари, така што мултинационалните компании ги намалуваат капиталните трошоци и емитираат долгови со што се соочува глобалното економско заздравување. Всушност само пет групации држат над 500 милијарди долари.

„Apple“, „Microsoft“, „Alphabet“, „Cisco“ и „Oracle“ имаат стекнато 504 милијарди долари кеш кон крајот на 2015-та година, што е речиси една третина од вкупно 1,7 илјади милијарди долари во извештаите на американските нефинансиски компании, покажува новиот извештај на рејтинг агенцијата „Moody’s“. На првите 50 на листата се должи 1,1 илјади милијарди долари од оваа сума.

Податоците истакнуваат како парите во готово се фокусираат во рацете на само неколку компании, а многу од нив го држат профитот надвор од САД, за да се избегне губењето на средства при враќањето и оданочувањето во земјата.

Според аналитичарите од агенцијата за рејтинг, меѓународниот кеш, во вредност од 1,2 илјади милијарди долари во минатата година, најверојатно, ќе остане таму со наближувањето на изборите во САД. Наместо тоа, се очекува компаниите да ја зајакнат својата зависност од обврски во издадени обврзници за да финансираат враќање кон акционерите, како и спојувања и превземања.

„Во оваа фаза на политичкиот циклус и во предвид на силните разлики од двете страни (меѓу конзервативците и демократи) во Вашингтон, не очекуваме реформа на даночниот законик, што ќе доведе до враќање на пари надвор од земјата (назад во САД)“, вели Ричард Лејн од „Moody’s“.

„Apple“ придонесува со над една десеттина за општите парични резерви со 216 милијарди долари, од кои 93% се надвор од земјата. Во Топ 5 на листата се вклучува „Oracle“, кој го надмина „Pfizer“, откако фармацевтската група ја заврши аквизицијата за 17 милијарди долари на „Hospira“.

Капиталните расходи како нова опрема – едни од најголемите годишни трошоци, паднаа за 3% до 885 милијарди долари. Ова е прв пад, откако САД излезе од рецесијата, бидејќи енергетските и рударските групи прават штедење и се соочуваат со остро поевтинување на суровините.

amkompani1

Но растечките купишта пари прикриваaт драстичен раст на долгот. За прв пат од 2012-та година парите во готово, краткорочните инвестиции и најликвидните долгорочни инвестиции паднаа под должничкиот рок на доспевање со зрелост во следните пет години, открива „Moody’s“.

Вкупниот долг е зголемен за речиси 850 милијарди долари во минатата година до 6,6 илјади милијарди долари, покажува посебен извештај на рејтинг агенција „Standard & Poor“, што значи дека паричните нивоа како целина во САД се малку над 1,8 илјади милијарди долари. Иако Кешот е зголемен за околу 600 милијарди долари во последните години, обврските скокнаа за 2,8 илјади милијарди долари.

Зголемувањето на долгот е концентриран во помали и неквалитетни групи кои имаат корист од рекордно ниските трошоци за заеми поддржани од стимулирање монетарната политика.

Иако Топ 25 на најзадолжените компании имаат поголем кеш од долговите, соодносот готовина кон долг се намалил до 12% за компаниите со рејтинг „junk“. Во 2010-та година нивото беше над 20%.

„Не можеме да кажеме дека компаниите пливаат во пари“, додава аналитичарот од „S & P“ Ендрју Чун. „Со напредокот на кредитниот циклус, зголемувањето на каматните стапки и доцнењето на макроекономската раст, 99% од компаниите во долините, чии обврски се зголемија, може да се соочат со проблеми“.

Повисоката задолженост не ги одвраќа инвеститорите да прават се поголеми продажби на американскиот долг, кои достигнаа 400 милијарди долари претходно во оваа недела, откако банкарите извршија милијарди трансакции на „Dell“, „CVS Health“, „Southern Co.“ и „Boeing“.

Инвеститорите велат дека приносот на државните хартии од вредност опаѓа, додека во исто време тие се фокусираат на купување на корпоративни обврзници, а должничката трговија е за 10 илјади милијарди долари со негативен принос.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП