18 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАБулдогот Нели ја освои наградата за најдобра ролја на Кан меѓу кучињата...

Булдогот Нели ја освои наградата за најдобра ролја на Кан меѓу кучињата (видео)

neli-buldog

Булдогот Нели од новиот филм на Џим Џармуш „Патерсон“, кој беше прикажан во главната конкуренција на Филмскиот фестивал во Кан, ја доби специјалната награда The Palm Dog Award, објави во петокот вечерта службата за односи со јавноста на една од најпрестижните филмски смотри во светот.

„Првиот постхумен лауреат на Palm Dog е булдогот Нели“, се истакнува во соопштението објавено на официјалната интернет страница на Канскиот филмски фестивал.

За жал, Нели не го доживеа својот ѕвезден миг. Иако Нели беше женка, таа во филмот на Џим Џармуш ја толкуваше улогата на мрзоволниот пес со смешно лице Марвин, кого главниот лик Патерсон секоја вечер го носи на прошетка. Како што претходно истакна режисерот, Нели била одличен импровизатор. „Таа самата и обмислуваше своите реплики“, се пошегува неодамна Џармуш.

Филмот „Патерсон“ е еден од фаворитите за престижната награда на фестивалот во Кан. Ја донесува приказната за возачот на автобус Патерсон во сончевиот град Патерсон во американската сојузна држава Њу Џерси. Во текот на дејствието многу брзо се дознава дека Патерсон, кого го игра Адам Драјвер, не е само возач, туку и поет. Тој живее мирен живот заедно со својата многу активна и креативна сопруга која ја толкува Голшифтех Фарaхани.

Во оваа тивка вообичаеност има поетска рима и значење на секојдневното повторувачко трескање на поштенското сандаче од Марвин, и катадневното негово вечерно прилагодување. Филмот, оценуваат критичарите, е „возвишена почит на секојдневието“ во кое Џармуш нотира набљудувајќи и уживајќи во сето што тоа го претставува.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП