
Основното училиште „Луиѓ Гуракуќи“ во Желино, денес доби нова спортска сала.


Основното училиште „Луиѓ Гуракуќи“ во Желино, денес доби нова спортска сала.
На свеченото пуштање во употреба на спортскиот објект, присуствуваа претседател на ДУИ Али Ахмети и министерот за образование и наука Пиштар Лутфиу. Во оваа пригода Лутфиу истакна дека продолжува проектот на Владата на Република Македонија и на Министерството за образование и наука за изградба на 145 училишни спортски сали во повеќе училишта во земјата.
„Ние денес исполнуваме една голема желба и потреба на учениците од оваа училиште, и како министерство потврдуваме дека стоиме на страна на учениците и училиштата со цел да се создадат современи услови како што заслужуваат сите граѓаните на Република Македонија“, рече Лутфиу.
Новата спортска сала е со површина од 1300 метри квадратни, со трибина и опремена со реквизити за играње фудбал, одбојка, ракомет, кошарка и гимнастика.
„Во соработка со општина Желино, ветениот проект предводен од страна на градоначалникот Фатмир Изаири, успешно се реализира и со предвидената динамика“, рече Лутфиу.
Министерот потенцираше дека досега се изградени и опремени 55 училишни спортски сали, од кои 25 се во средните училишта, 30 во основните, вклучувајќи ја и спортската сала на основното училиште „Луиѓ Гуракуќи ” во Желино.