Побарувачката за девизи од страна на физичките лица забележа висок и невообичаен раст во последната недела на април.
По преземените мерки од страна на Народната банка, обезбедување на потребна девизна ликвидност преку интервенции на девизниот пазар и зголемување на основната каматна стапка на 3 мај 2016 година, движењата постепено се нормализираат, што се согледува преку континуирано намалување на побарувачката за девизи од страна на физичките лица.