2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВеќе се во тек проекти вредни 100 милијарди евра од планот „Јункер“

Веќе се во тек проекти вредни 100 милијарди евра од планот „Јункер“

evra 37775

Помалку од една година од основањето на Европскиот фонд за стратешки инвестиции – финансискиот механизам на Планот „Јункер“, веќе се одобрени 64 проекти во вредност од 100 милијарди евра.

Ова го објави Европската комисија, повикувајќи се на соопштение на партнерот во овој проект – Европската инвестициска банка (ЕИБ).

На 19-ти мај банката одобрила уште 8 проекти во вредност од 9,3 милијарди евра и така е извршена првата психолошка цел – 1/3 од средствата за планот веќе се активирани.

Во Планот „Јункер“ треба да бидат „искористени“ 315 милијарди евра во различни проекти со цел ревитализација на европската економија. Идејата е да биде обезбедено и финансирање во износ од 21 милијарди евра, кои за возврат ќе привлечат дополнителни инвестиции од приватниот сектор.

Практиката на ЕК и ЕИБ покажува дека за секое инвестирано евро од Брисел може да се очекуваат дополнителни 15 евра од приватни инвестиции.

Клучните сектори на Планот се истражување и развој, енергетска ефикасност, инфраструктура и нови технологии. При промоцијата на идејата за инвестицискиот план беше наведено дека во ЕУ има доволна ликвидност, но не и желба за инвестиции, поради недостатокот на доверба и сигурност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП