12 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАРабота - Приватен живот, како менаџерите успеваат да не го нарушат балансот?

Работа – Приватен живот, како менаџерите успеваат да не го нарушат балансот?

work-life-balance-millennials-shoes-604-604-337-dd5bf710

Менаџерите извршуваат тешки работи кои одземаат голема количина на време. Нивното работно време е подолго и имаат релативно малку време за приватниот живот.

Меѓутоа, ако не сте внимателни, може да се доведете во ситуација на преоптеретеност, поради што ќе страда не само вашиот приватен живот, туку и вашата продуктивност. Затоа многу е важно да не го нарушите балансот меѓу приватниот и професионалниот живот.

Ви претставуваме неколку совети…

Календар

Менаџерите се поврзани со календарот. Тој им покажува каде треба да бидат секој час во денот. Проблемот со календарите, сепак, е тоа што работите многу брзо излегуваат од контрола, бидејќи различни клиенти истовремено се натпреваруваат за вашето време.

Она што можете да го направите е една недела однапред да резервирате одредени термини за приватни обврски. И да го почитувате распоредот.

Делегирање на задачи

Менаџерите знаат дека доброто делегирање на задачите на работното место е една од состојките за успехот. Меѓутоа, истиот рецепт може да се примени и во приватниот живот. Дали повеќе сакате да го поминете попладнето во друштво на семејството и пријателите или во чистење на станот и купување на намирници?

Исклучете се

Исклучете го компјутерот. Телефонот оставете го во друга просторија. Одете на одмор без интернет. Создадете баланс во животот така што повремено нема да работите ништо за професионалниот живот. Набрзо ќе сфатите дека тоа не е крај на светот.

За крај

Ќе се чувствувате подобро ако сте насипени, ако здраво јадете и одредено време поминувате во грижа за себеси. Ако работата физички и ментално ве нагризува, тоа набрзо ќе се забележи и на вашите деловни резултати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП