15 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИндустрија: сè помалку компании, сè повеќе работници?!

Индустрија: сè помалку компании, сè повеќе работници?!

industrija

За три години згаснале 242 индустриски капацитети. Секторот секоја година троши и се помалку енергија, но според податоците на Државната статистика има речиси континуиран раст на производството и на бројот на работници.

За три години згаснале 242 индустриски капацитети

Бројот на активни компании во индустријата опаѓа од година во година. Според најновата публикација на Државниот завод за статистика (ДЗС) во 2013-та во секторот имало вкупно 8.214 деловни субјекти, во 2014-та 8.006, а во 2015-та 7.972.

Кај рударството и вадењето камен има годишни флуктуации – од 164 компании пред три години, на 180 пред две, па на 173 пред една година.

Кај снабдувањето со електрична енергија и гас бројот на фирми има континуиран раст – 132 пред три години, 152 пред две, 160 пред една година.

Од друга страна преработувачката индустрија со се помал број на деловни субјекти – 7.918 пред три години, 7.675 пред две, 7.639 пред една година.

Најмногу компании загаснале во потсекторите: производство на облека (намалување на нивниот број за 109 за три години), производство на кожа (намалување на нивниот број за 44 за три години), печатарство (намалување на нивниот број за 37 за три години), производство на електрична опрема (намалување на нивниот број за 24 за три години).

Во истиот период во потсекторите производство на храна, на неметални производи и останата производствена индустрија има зголемување за по десетина деловни субјекти.

Индустријата секоја година троши помалку енергија

Анализите на статистичарите покажуваат и дека од година во година индустријата користи се помалку енергија. Во 2012-та вкупната финална потрошувачка била 580.214.000 toe, а во 2014-та 515.193.000 toe.

Потрошувачката на електрична енергија е речиси непроменета, на јаглен и на нафта постојано опаѓа, а на природен гас и на биомаса и благ пораст.

Индустриското производство со речиси континуиран раст

Според ДЗС индустриското производство има речиси континуиран раст од година во година иако се намалува бројот на активни компании, но и потрошувачката на енергија.

Во 2015-та во однос на 2014-та растот бил 4.9%, во 2014-та во однос на 2013-та бил 4.8%, во 2013-та во однос на 2012-та бил 3.2%, во 2012-та во однос на 2011-та имало намалување од 2.8%, а во 2011-та во однос на 2010-та бил остварен раст од 6.9%.

Зголемување на бројот на работници во индустријата

Во последните три години има зголемување и на бројот на работници во индустријата.

Во 2015-та во однос на 2014-та растот бил 1.8%, во 2014-та во однос на 2013-та бил 7.9%, во 2013-та во однос на 2012-та бил 1.1%. За претходните две години показателите се негативни. Во 2012-та во однос на 2011-та имало намалување од 2.0%, а во 2011-та во однос на 2010-та имало намалување од 4.7%.

К. Н.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП