4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВикендов затворени границите кон Грција, цариниците штрајкуваат

Викендов затворени границите кон Грција, цариниците штрајкуваат

bogorodica299

Граничните премини кон Грција од 20 до 23 мај ќе бидат затворени поради штрајк на грчките царински служби, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи кое добило известување од страна на грчките погранични власти.

Сообраќајот на граничните премини „Меџитлија“ и „Стар Дојан“ ќе биде во прекин на патнички и товарни моторни возила додека преминувањето на границата пешки е дозволена за сите патници.

На граничниот премин „Богородица“ сообраќајот при влез и излез од Грција ќе се одвива со прекини, односно после секои два часа прекин, ќе се пропуштаат возила во времетраење од 15-ина минути.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП