2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAlfa Romeo ги објави цените на Giulia

Alfa Romeo ги објави цените на Giulia

aflic 00

Компанијата „Alfa Romeo“ ја покажа топ-верзијата на последниот модел „Giulia“ пред една година, а најслабата беше претставена во пролет. Производството на седанот стартуваше во април, но европските цените станаа познати дури сега.

На почеток основната верзија на „Alfa Romeo Giulia“ ќе се нуди само со еден мотор – 2,2-литарски дизел во неколку варијанти на моќност. За 35.500 евра клиентот ќе добие модификација со 150 КС и 380 Нм, комбинирана со 6-брзински мануелен менувач.

aflic 01

За дополнителни 2.500 евра италијанскиот производител нуди 8-брзински автоматски менувач, кој води и до измени во моторот. Со неа тој веќе има вртежен момент од 450 Нм.

Од 0 до 100 км/ч седанот ќе забрзува за 8,4 секунди со рачниот менувач и за 8,2 секунди со автоматскиот. Максималната брзина на дизелот „Guilia“ е ограничена на 220 км/ч, а потрошувачката на гориво и кај двете варијанти е 4,5 л/100 км.

За верзијата со истиот мотор, но со 180 КС, купувачот ќе мора да плати 40.500 евра за мануелна трансмисија и 43.000 евра за автоматски менувач. Кај оваа „Giulia“ забрзувањето од 0 до 100 км/ч трае 7,1 секунди, а максималната брзина е 230 км/ч. За споредба најдиректен конкурент – „320d“ со 190 КС во Европа чини 50.870 евра.

aflic 02

Познато е дека седанот ќе се нуди и со два бензински мотор. Помалиот е 2,0-литарски, кој во зависност од модификација развива 200 или 276 КС. За овие верзии сепак цените се уште не се објавени.

Што се однесува до најмоќната варијанта на моделот – тоа е „Giulia QV“, опремена со 2,9-литарски мотор со 6 цилиндри. Неговата моќност е 510 КС, а тој ќе се бори за клиенти со „BMW M3“. Почетната цена на италијанскиот модел е 79.000 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП