26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШто вели ММФ, што ги чека Русите?

Што вели ММФ, што ги чека Русите?

русите

Бруто домашниот производ на Русија оваа година ќе падне за околу 1,5 проценти за во 2017 година да оствари скромен раст, предвидува Меѓународниот монетарен фонд – ММФ.

Во денешниот извештај, ММФ наведува дека руската економија „повторно ќе порасне во 2017 година и дека ќе оствари стапка на раст од 1,0 проценти“, пренесува агенцијата Франс прес.

Станува збор за проекција пооптимистична од претходната со која беше предвиден пад на БДП на Русија од 1,8 проценти во оваа и раст од само 0,8 проценти за наредната година.

„Руската економија продолжи да се прилагодува кон дуалните шокови кои потекнуваат од ниските цени на нафтата и санкциите. Економското забавување, сепак е помало од претходните рецесии“ се наведува во извештајот на ММФ.

Среднорочната прогноза за руската економија, сепак, останува пригушена, дел поради ниските цени на нафтата и негативните последици на западните санкции по економската активност, наведува Фондот.

Економијата на Русија се лизна во длабока рецесија поради падот на цената на нафтата и западните санкции воведени за Москва поради украинската криза, наведува АФП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП