21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА10 милиони вработени со скратено работно време во ЕУ би сакале повеќе...

10 милиони вработени со скратено работно време во ЕУ би сакале повеќе да работат

TwinDavinci3

Меѓу населението во Европската унија (ЕУ) на возраст од 15 до 74 години, 220 милиони работат, 23 милиони се невработени, а 136 милиони биле економски неактивни во 2015-та година.

Околу 8 од 10 луѓе, вработени во ЕУ, биле работници со полно работно време во текот на минатата година, а 2 од 10 со скратено, покажуваат податоците на европската статистичка служба „Евростат“.

Меѓу овие 44,7 милиони луѓе во ЕУ кои работат со скратено работно време, 10 милиони биле со недоволна вработеност, што значи дека тие би сакале да работат повеќе часови и можеле да го сторат тоа. Тоа е над една петтина (22,4%) од сите зафатени со скратено работно време и 4,6% од вкупната вработеност во ЕУ во минатата година.

Две третини од овие вработени со скратено работно време, кои би сакале и можеле да работат повеќе, се жени (66%).

Паралелно со економски активното население (зафатени и невработени), 11,4 милиони луѓе економски неактивни луѓе на возраст 15-74 година во ЕУ биле поврзани со пазарот на трудот и би можеле да се сметаат за потенцијална дополнителна работна сила еднаква на 4,7% од работната сила во Унијата.

Меѓу нив околу 9,3 милиони биле во можност да работат, но не бараат работа, какви што се на пример т.н. обесхрабрените лица, а околу 2,2 милиони барале работа, но не биле во можност да започнат веднаш, како што се студентите кои бараат работа по завршувањето на своето образование.

Поголемиот дел од оваа потенцијална дополнителна работна сила се жени (56,7%).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП