7 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманците јасни: Поблаго кон Атина дури во 2018

Германците јасни: Поблаго кон Атина дури во 2018

1013647801573dd0aa19b60631915939_w640

Ставот на германската влада е дека ублажувањето на должничкиот товар на Грција би требало да следи дури во 2018 година, откако во целост ќе ги исполни условите од пакетот помош од ЕУ.

„Минатиот јуни, еврогрупата соопшти дека е подготвена, доколку има потреба, да разгледа дополнителни мерки за зачувување на финансиските потреби на Грција на одржливо ниво. Таквите мерки би можеле да бидат донесени под услов спасувачката програма во целост да се имплементира до 2018 година“ се наведува во документот од германското министерство за финансии, пренесува Франс прес.

Одложувањето на ублажувањето на товарот од долгот на Грција за периодот после 2018 година, според оценката на германскиот деловен весник „Handelsblat“, му овозможило на германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле да го избегне изјаснувањето во парламанетот по тоа прашање пред одржувањето на општите избори во Германија во 2017 година.

Во Германија, како што наведува АФП, е присутна голема одбивност на јавноста кон 86-те милијарди долари ведниот пакет за помош одобрен на Грција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП