3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ трие раце – конечно делува

ЕЦБ трие раце – конечно делува

ecb

Официјалните лица од Европската централна банка оценија дека има „основа за внимателен оптимизам“ за економијата на еврозоната бидејќи мерките за поттикнување започнаа да даваат резултати.

Извештајот од состанокот на ЕЦБ на 21 април кој беше вчера објавен покажува дека таа банка е фокусирана на спроведувањето на мерки за кои е веќе одлучено и дека не разгледува нови поттици.

Со цел опсежните мерки за поттикнување да дадат целосни резултати потребно е трпение, се наведува во извештајот на ЕЦБ.

ЕЦБ се подготвува следниот месец да започне со откуп на корпоративни обврзници со што во економијата ќе внесе свежо печатени пари со цел да ја зголеми инфлацијата која е опасно ниска.

Одборот на ЕЦБ одлучи јавно да ги потсети скептиците од Германија кои се сомневаа во мерките за поттикнување дека таа банка е политички независна.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП