4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИWalmart оствари повисока добивка од очекуваната

Walmart оствари повисока добивка од очекуваната

walmart-ventas-web222

Aмериканскиот синџир на продавници „Wal-Mart Stores Inc.“ забележа повисоки од очекуваните приходи и профит во првиот квартал, продажбата на американскиот пазар се зголеми, а гигантот за малопродажба успеа да ги задржи трошоците во границите, соопшти „CNBC“.

Акциите на компанијата поскапеа за 7,6% по излегувањето на податоците. Крис Хорверс, аналитичар за продажба на мало во „JPMorgan“, го нарече кварталот „навистина импресивен“.

Компанијата забележа заработка по акција за првото тримесечје во износ од 98 центи во однос на 1,03 долари по акција, една година порано.

Приходите за кварталот достигнаа 115,9 милијарди долари, регистрирајќи сосема лесен раст во однос на правото од 114,83 милијарди долари една година порано.

За споредба, аналитичарите кои беа испитани од „Ројтерс“ очекуваа трговскиот гигант да оствари заработка по акција во износ од 88 центи и приходи од 113,2 милијарди долари.

Продажбата на американскиот синџир се зголеми за 1% во првиот квартал, надминувајќи ги очекувањата за 0,5% зголемување.

Од почетокот на годината акциите на „Wal-Mart“ поскапеа за 3%, но за последните 12 месеци цената им паѓа за 20%.

Во понеделникот „Wal-Mart“ објави дека потпишала договор со американскиот дистрибутер на лекови „McKesson“, со цел намалување на трошоците што треба да биде резултатот од заедничкото снабдување со генерички лекови.

„Wal-Mart“ се појави во медиумите и малку порано овој месец, кога објави дека ја тужи „Visa“ под обвинение дека го принудува трговецот на мало да им овозможи на клиентите да користат потписи, кога плаќаат со своите дебитни картички.

„На пазарот денес „PIN“ кодот е единствената навистина безбедна форма на проверка дали тоа е вистинскиот носител на картичката и нуди одлична безбедност за нашите клиенти“, објави компанијата во соопштението во вторникот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП