21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПовеќе од половина од прометот со акцијата на НЛБ Банка АД Скопје

Повеќе од половина од прометот со акцијата на НЛБ Банка АД Скопје

mak berza2222

Со дневен промет од над 5,47 милиони денари, на последниот ден со право на дивиденда, фокусот на инвеститорите на Македонската берза во четвртокот беше насочен кон акцијата на НЛБ Банка АД Скопје. 

Вкупно беше истргуван обем од 727 акции по просечна цена од 7.526,97 денари преку петнаесет трансакции.

На врвот од листата на добитници се најде акцијата на Ветекс АД Велес со пораст од 16,67 отсто и истргувани 96 акции по просечна цена од 945 денари.

Втора на листата со раст од 4,9 отсто се рангираше акцијата на Бетон АД Скопје со истргувани 13 акции по просечна цена од 9.000 денари.

Спротивната листа на губитници ја предводеше со пад од 6,53 отсто акцијата на Топлификација АД Скопје која заврши на цена од 515 денари. Зад неа се најдоа акциите на Стопанска банка АД Битола со пад од 2,88 отсто и просечна вредност на акцијата од 1.010 денари и акцијата на Комерцијална банка АД Скопје со пад од 1 ,68 отсто и просечна вредност на акцијата од 2.212,25 денари.

Вкупниот промет на берзата денес изнесуваше 9.880.008,00 денари, со истргувани вкупна количина од 3.658 акции преку 49 трансакции.

Индексот МБИ-10 имаше пад од 0,42 отсто и заврши на 1.747,75 индексни поени, додека, пак, индексот ОМБ остана непроменет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП