23 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на цената на нафтата на светските берзи

Пад на цената на нафтата на светските берзи

nafta 38844

Цените на нафтата паднаа денеска на меѓународните берзи под 48 американски долари, притиснати од силниот долар и неочекуваниот раст на резервите во САД.

На лондонската берза цената на барелот падна 1,29 американски долари, на 47,64 долари. Во среда ја достигна највисоката вредност ова година од 49,85 долари. Во Њујорк барелот се тргуваше по 1,06 долари пониска цена во однос на претходното затворање од 47,13 долари.

Нафтените пазари во последно време црпеа поддршка од намаленото снабдување од Канада и Нигерија.

Одвоено, Организацијата на земји извознички на нафта ОПЕК на својата интернет страница објави дека цената на барелот на референтната кошничка на нејзината нафта во среда изнесувала 44,88 долари, што значи дека останала речиси непроменета во однос на претходниот трговски ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП