21 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДоговори за вработување потпишаа 400 полициски службеници

Договори за вработување потпишаа 400 полициски службеници

policija

Мисија на Министерството останува унапредување на полициската служба која ја ужива довербата на сите граѓани во земјата и која ги гарантира, штити и ги почитува основните права и слободи, без дискриминација по било која основа.

Ова во четврток го истакна министерот Чавков во Центарот за обука во Идризово, каде се одржа свеченото потпишување на договори за вработување на 400 полициски службеници.

Министерот Чавков честитајќи им на новите колеги им порача дека полициската професија, носи ризик, но и е професија која се одликува со врвна професионалност, непоколебливост и храброст.

„Вие ќе бидете една од најважните алки во борбата против криминалот и корупцијата, но и во почитувањето и заштитата на човековите права и слободи и законитото постапување. Очекувам во вашата работа да направите сѐ граѓаните да се чувствуваат безбедно, секојдневните задачи да ги извршувате чесно, пожртвувано и професионално“, истакна Чавков во своето обраќање пред присутните гости и раководното ниво на Министерството за внатрешни работи.

Инаку 400-те полициски службеници кои денеска потпишаа договори, успешно ја завршија 12-месечната обука од класата 2015/2016.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП