19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААзиските берзи повторнo паднаа, доларот и натаму јакне

Азиските берзи повторнo паднаа, доларот и натаму јакне

berzi azija 2994

На азиските берзи во четвртокот цените на акциите паднаа втор ден со ред, додека американскиот долар продолжува да расте бидејќи американската централна банка Federal Reserve (Fed) би можела да ги зголеми каматните стапки побрзо, отколку што пазарите очекуваа.

На токиската берза индексот Nikkei во претпладневното тргување е во минус од 0,2 отсто, додека цените на акциите во Сингапур, Хонгконг, Јужна Кореја и Австралија паднаа меѓу 0,4 и 0,9 отсто, Во Шангај благо пораснаа, додека MSCI индексите на азиско-пацифичките акции, без јапонските, беше во минус 0,8 отсто.

Падот цените на акциите втор ден по ред е последица на загриженоста на вложувачите дека Fed уште во јуни или јули може дополнително да ги зголеми каматните стапки.

Првото зголемување на каматите на Fed кон крајот минатата година им наштети на земјите во развој, бидејќи им порасна цената на задолжувањето, а тие земји и онака се под притисок поради забавувањето на растот на втората според обемот светска економија – кинеската. „Краткорочно, пазарите во развој се најранливите“, вели Стивен Ингландер од „Citibank“.

Внимателноста на вложувачите е последица од пораснатите очекувања дека американската централна банка веќе за неколку месеци би можела да ги зголеми клучните каматни стапки. Во средата објавениот записник од последната седница на Fed покажува дека гувернерите на банката сметат дека каматите би можело да се зголемат веќе во јуни, доколку макроекономските податоци покажат дека растот на економијата во вториот квартал забрзува, а инфлацијата се движи кон целното ниво од 2 отсто. Сите последни податоци укажуваат токму на тоа дека инфлацијата постепено расте, а дека најголемата светска економија закрепнува по забавувањето на растот во првиот квартал.

По објавувањето на записникот на Fed, 34 отсто од инвеститорите сметаат дека банката веќе во јуни може да ги зголеми каматите, додека пред тоа така мислеа само 15 отсто. Уште повеќе, над 50 отсто, сметаат дека каматите би можело да бидат зголемени во јули. Досега повеќето аналитичари сметат дека зголемувањето на каматите е можно дури наесен.

Поддршка на пазарите во четвртокот претпладнето не им дадоа ниту цените на нафатата, кои се лизнаа од највисоките нивоа во последните шест месеци, поради јакнењето на американскиот долар, растот на резервите во САД и зголеменото производство во Иран.

На американскиот пазар цената на барелот изнесуваше помалку за 1,5 отсто во споредба со затворањето на тргувањето во средата, на 46,45 долари, додека на лондонскиот пазар барелот поевтини за 1,8 отсто, на 48,05 долари.

А на валутните пазари продолжи јакнењето на доларот, имајќи го предвид зголемувањето на каматите за некој месец, како што се очекува.

Курсот на доларот кон јапонската валута порасна во четвртокот претпладнето на 110,10 јени, блиску највисокото ниво во последните три седмици, додека во средата во истиот период од тргувањето изнесуваше 109,15 јени. Американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,1215 долари, најниското ниво од крајот на март, за разлика од вчерашното од 1,1285 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП