17 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАБил Гејтс: Овие книги сите треба да ги прочитаат ова лето

Бил Гејтс: Овие книги сите треба да ги прочитаат ова лето

бил-гејтс-книги

И Бил Гејтс ова лето ќе оди на одмор но тоа не значи дека и неговиот мозок ќе се одмора, наведува Бизнис Инсајдер. Познатиот љубител на книги, овие книги ги препорачува на секој, а темите се од бизнисот и математиката до човештвото и хуманоста.

’Seveneves’ – Neal Stephenson

Гејтс стигнал до оваа книга преку препорака од пријател, а инаку сака да чита научна фантастика. Овој роман е целосно несекојдневен.

’The Power to Compete’ – Hiroshi Mikitani и Ryoichi Mikitani

Основачот на „Rakuten“ и извршниот директор Hiroshi Mikitani во разговорот со својот татко економист зборува за можните начини да се поправи јапонската еконоија. „Иако не се согласувам со сите негови предлози, сепак постојат некои добри идеи“, изјави Бил.

’Sapiens: A Brief History of Humankind’ – Yuval Noah Harari

Овој историчар го следи човековиот пат преку когнитивни, агрикултурални и научни откритија. „И јас и Мелинда ја прочитавме оваа книга која кај нас потикна бројни дебати“.

’How Not to Be Wrong’ – Jordan Ellenberg

Познатиот професор по математика го презентирал концептот со цел да го покаже „математичкото размислување“ кое може да се користи било каде. Иако се мисли дека математиката е секогаш комплицирана на Гејтс му се допаѓа како овој автор успеал да ги поедностави работите.

’The Vital Question’ – Nick Lane

Биохемичар кој претпоставува дека потпирањето на енергијата може да ја објасни експлозијата од едноставни, едноклеточни организми па се до сложени облици на живот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП