22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Долговите на нафтените компании кои банкротираа од почетокот на...

График на денот: Долговите на нафтените компании кои банкротираа од почетокот на 2016-та

dolnaft 00

Повеќето инвеститори се свесни дека во нафтениот сектор се случува вистински „масакр“. Ниските цени на нафтата ги фатија компаниите неподготвени, а тоа ги принуди многу од нив да побараат заштита од доверителите, објавувајќи банкрот, коментира „Visual Capitalist“.

Темпото на новите банкроти сепак брзо се забрзува, а веќе се погодени дури и поголеми компании. Графикот на изданието, базиран на податоците од „Haynes and Boone“, покажува дека објавените 11 нови банкроти во април 2016-та година носат значителен должнички товар од речиси 15 милијарди долари, од кој поголемиот дел е необезбеден.

Во првите два месеци од 2016-та година имаше девет банкроти. Долговите на ниту една од компаниите сепак не надминува 200 милиони долари.

Во март има вкупно седум нови банкроти, вклучувајќи го и „Venoco“. Приватната компанија е сериозно фокусирана на нафтата и поседува крајбрежни и копнени средства во Јужна Калифорнија. Според известувањето за банкротот на „Venoco“, компанијата има долгови во износ од 1,28 милијарди долари, а 71% од нив се необезбедени.

dolnaft 011

Во меѓувреме април е месец со најмногу банкроти на нафтени компании за последните две години. Вкупно 11 компании поднеле известувања за стечај, но уште поважно за инвеститорите е дека четири од нив се јавни претпријатија со долгови од над 1 милијарда долари.

„Pacific Energy“ беше најголемата активна нафтена компанија во Јужна Америка. Во моментов, сепак компанијата поминува низ драматично реструктуирање. Нејзините обични акции се отпишани, а компанијата бара начини да добие продолжување на откриените долгови од 5 милијарди долари.

Компанијата со седиште во Тексас, „Ultra Petroleum“ која има необезбеден долг од речиси 4 милијарди долари, отпадна од „NYSE“ во шалтерската трговија, а исто така бараат заштита. Највисоката цена на нејзините акции во последните 52 недели беше 17 долари за готово, но во моментов тие се разменуваат само за неколку центи.

Двете други големи компании кои објавиле стечај, се „Energy XII“ и „Midstates Petroleum“. Тие должат по околу 3 милијарди и 2 милијарди долари. „Energy XII“ оперира со 10 од најголемите нафтени полиња во Мексиканскиот залив. „Midstates“ пак е фокусирана на современи техники за дупчење во копнените нафтени базени во САД.

Вкупниот износ на објави за банкрот во април на компаниите достигнува неверојатни 14,9 милијарди долари, а поголемиот дел е необезбедени. За споредба, 42-те енергетски компании кои поднеле известувања за стечај во текот на целата 2015-та година, имаат заеднички обврски од 17,2 милијарди долари.

dolnaft 022

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП