17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрогласена сериозна криза, банките бегаат од Русија

Прогласена сериозна криза, банките бегаат од Русија

MOskva

Околу 27 проценти од банките го напуштиле рускиот пазар за двете кризни години, од кои повеќето се со средна големина, од аспект на средствата.

„Можеме да прогласиме сериозна банкарска криза бидејќи за две години околу 27 проценти од банките го напуштиле пазарот“, изјави главниот аналитичар на руската Sberbank Михаил Матовников во Санкт Петербург, додевајќи дека тоа е спротивно од мислењето на јавноста и дека станува збор за средни, а не за мали банки, пренесува руската агенција ТАС.

Тоа, како што вели, се случи бидејќи таквите банки се повеќе пазарно ориентирани и се чувствителни на загубата на довербата од нивните клиенти.

„Бројот на банки во Русија од 922 на почетокот на 2014 година се намали на 697 до мај оваа година“, прецизираше тој.

Големите банки, како што вели, исто така се соочија со проблеми, бидејќи правилата на игра на пазарот значително се променија во 2015 година.

„Во изминатите две години, потрошени се 1.000 милијарди рублји на дополнителна докапитализација на банките, и ако ги земеме во предвид парите потрошени на  „Вњешеконом“, таа цифра изнесува речиси 1.800 милијарди рубљи“, зијави Матовников.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП