10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСè се врти околу САД - ФЕД и доларот ги диктираат цените

Сè се врти околу САД – ФЕД и доларот ги диктираат цените

нафта-центр

Цените на нафтата се намалија откако доларот зајакна по објавата на строго интонираниот записник од последниот состанок на американската ФЕД и растот на залихите во САД.

Американската „лесна“ нафта WTI за испорака во јуни падна за 72 центи (1,49 проценти) на 47,47 долари по барел, а сировата нафта од типот „брент“ за јулската испорака повтини за 84 центи (1,72 проценти) на 48,09 долари, известува агенцијата АФП.

Пред објавата на записникот на ФЕД, цените на „црното злато“ биле во поход кон нивото од 50 долари за барел поради прекинот на испораката од Канада и Нигерија, најголемиот африкански производител на нафта, и поради малку подобрата побарувачка која ја охрабри надежта дека ќе дојде до ублажување на глобалните преголеми понуди на оваа сировина.

На вчерашниот нов рекорден скок на нафтата во 2016 година, влијаеше прекинот на производството во Канада, до кој дојде поради ескалацијата на шумскиот пожар кај Форт Мекмари, главното седиште на канадскиот регион за нафтен песок, но цените се повлекоа по зајакнувањето на доларот.

Силната американска валута ги зголемува цените на нафтите изразени во долари, што влијае на слабеењето на побарувачката и цените.

Записникот од априлскиот состанок на американската ФЕД, објавен синоќа, покажа дека креаторите на монетарната политика во САД ги оставаат отворени вратите за зголемување на каматните стапки во јуни.

Поголемите каматни стапки обично ги поттикнуваат инвеститорите да се завртат кон доларот поради повисоките приноси, зголемувајќи ја вредноста на валутата.

Високиот раководител на продажба во компанијата CMC Markets, Алекс Виџај, вели дека зајакнувањето на доларот и минатонеделниот раст на американските комерцијални залихи на сирова нафта заедно „довеле до намалување на цената“.

Американските залихи пораснале за 1,3 милиони барели во неделата до 13-ти мај, што значи дека спласнала побарувачката за овој енергент во водечкиот светски потрошувач на нафта.

Цените на нафтата во последните месеци забележаа силно закрепнување од речиси 13-годишниот минимум во февруари оваа година, кога паднаа на ниво под 30 долари, но сеуште се далеку под нивото од преку 100 долари за барел на кое беа во јуни 2014 година.

„Пазарите сега се насочени на деталните економски показатели од Јапонија и САД, кои треба да бидат објавени следната недела“, наведува аналитичарот за нафта и гас во компанијата EY, Санџив Гупт.

„Прекинот на производството и пореметувањето на испораката на нафта од Канада, Нигерија и Венецуела исто така влијаат на балансирањето на пазарот на оваа сировина“, наведе Гупт во пазарниот коментар, пренесува фрнацуската агенција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП