26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСиромаштијата во Европа се зголемува

Сиромаштијата во Европа се зголемува

siromastija 3555

Зголемување на сиромаштијата во Европа регистрираше Меѓународната организација на трудот (МОТ), кое го објаснува со зголемениот број мигранти, пишува „CNBC“.

„Квалитетот на работни места кои обезбедуваат социјална заштита, треба да играат клучна улога за справување со сиромаштијата“, објави „МОТ“ во својот последен извештај за светските вработувања и социјалните предвидувања за 2016-та година.

Иако екстремните нивоа на сиромаштија се намалија за повеќе од половина од 1990-та година, многу луѓе продолжуваат да живеат во сиромаштија во светот, иако имаат работа, наведува организацијата.

Во моментов речиси една третина од крајно сиромашните или умерено сиромашните луѓе во земјите во развој, всушност имаат работа. Сепак, овие работни места често ги прават луѓето ранливи – понекогаш тешко им се неплатени, концентрирани се во ниско квалификувани професии и немаат социјална заштита.

Организацијата проценува дека скоро 2 милијарди луѓе живеат со помалку од 3,10 долари на ден, што е 36% од новонастанатиот и просперитетен свет.

И иако нивото на сиромаштија во целина се намалува во светот, особено во Кина и голем дел од Латинска Америка, тоа се уште останува високо во Африка и делови од Азија.

Интересно е дека зголемувањето на сиромаштијата е регистрирано во развиените земји, а особено во Европа. Организацијата проценува дека во 2012-та година над 300 милиони луѓе во развиените земји живееле во сиромаштија. Ова зголемување на невработеноста е поврзано со зголемениот број бегалци кои пристигнаа во Европа во последните неколку години.

Жените и децата се најмногу погодени од сиромаштијата. Во земјите во развој повеќе од половина од сите деца под 15-годишна возраст живеат во крајна или умерена сиромаштија. Во развиените земји 36% од сите деца живеат под релативниот праг на сиромаштијата.

Обединетите нации си поставија за цел да ја „елиминираат сиромаштијата во сите нејзини форми насекаде“ до 2030-та година. Пресметките на Меѓународната организација на трудот покажуваат дека се потребни 600 милијарди долари годишно, или речиси 10 илјади милијарди долари вкупно во овие 15 години, за да се искорени крајната и умерената сиромаштија на глобално ниво.

Според податоците на Евростат за периодот 2010 – 2014 година процентот на децата во ризик од сиромаштија и социјално најголем е во Романија каде изнесува 51 %, додека на второто место се најде Бугарија со малку над 45%. Третата позиција е за Унгарија со малку над 40%. Следат Грција и Шпанија, а за периодот Грција е со најсилен раст на уделот на децата во ризик од сиромаштија и социјално исклучување во ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП