18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈавниот долг на Шпанија го надмина БДП

Јавниот долг на Шпанија го надмина БДП

shpanijaspanija544454

Податоците на централната банка на Шпанија покажаа денес дека јавниот долг на оваа земја сега е поголем од вредноста на целокупната шпанска економија.

Според податоците на централната банка, јавниот долг на Шпанија во првиот квартал изнесувал 1,09 билиони евра, односно 101 процент од годишниот бруто домашен производ (БДП) кој минатата година достигнал 1,08 билиони евра, пренесува американската агенција АП.

Владата во Мардид очекува дека јавниот долг на крајот на оваа година ќе изнесува 99,1 проценти од БДП, наведува АП, додавајќи дека јавниот долг на Шпанија е во константен пораст од почетокот на економската криза во таа земја од 2008 година.

Шпанија на крајот на 2013 година излезе од двојна рецесија, оствајќи ја зад себе петгодишната криза која предизвика загуба од околу 3,5 милиони работни места.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП