4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ"Тутунска банка" заминува во историјата, НЛБ Банка АД Скопје е новиот бренд

“Тутунска банка” заминува во историјата, НЛБ Банка АД Скопје е новиот бренд

nlbtutunska

Од 17.05.2016 година, НЛБ Тутунска банка АД Скопје, го смени официјалниот назив во НЛБ Банка АД Скопје, согласно Oдлуката за промена на назив усвоена од Годишното собрание на акционери на Банката на 10.05.2016 година, претходната согласност од Гувернерот на НБРМ и впишувањето на промената во Централниот регистар на Република Македонија.

Промената на називот е во согласност со насоките на мајката банка од Словенија, чија цел е унифицирање и јакнење на брендот “НЛБ” и поголема присутност на НЛБ Групацијата.

НЛБ Тутунска банка АД Скопје е основана во 1985 година како интерна банка на тутунската индустрија во Македонија. На 27 мај 1993 година Банката се трансформира во акционерско друштво и е регистрирана како универзална комерцијална банка. Во 2000 година Тутунска банка АД Скопје склучи стратешко партнерство со НЛБ д.д. Од 2006 година банката работи под брендот “НЛБ”.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП