19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕК: Земјите на ЕУ мора да ги забрзаат реформите заради поткрепа на...

ЕК: Земјите на ЕУ мора да ги забрзаат реформите заради поткрепа на растот и вработувањето

ek-zemjite

Домашните извори на економски раст се сѐ поважни со оглед на слабеењето на надворешните поттици на закрепнување во Европската унија(ЕУ), констатираше во среда Европската комисија(ЕК), порачувајќи им на земјите членки да го забрзаат темпото на реформи.

„Со оглед на побавниот глобален раст и големата неизвесност, мораме да ги интензивираме нашите обиди во насока на јакнење на европската економија по пат на добро насочени реформи“, порача Пјер Московици, комесар за економски и финансиски работи, даноци и царина при ЕК, при претставувањето на препораките на земјите членки во ЕУ во рамки на Европскиот семестар.

„Одговорните фискални мерки би требало, исто така, да поттикнат создавање на работни места и да помогнат во дистрибуцијата на ‘плодовите’ на закрепнувањето на поширока основа. Тоа се водечки начела на кои почиваат насоките на ЕК за економската и фискалната политика на земјите членки на ЕУ за периодот од 2016 до 2017 година“, додаде Московици.

Препораките на ЕК се насочени на инвестиции, реформи и фискални мерки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП