18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Ван Хол“ почна со изградба на втора фабрика во Бунарџик

„Ван Хол“ почна со изградба на втора фабрика во Бунарџик

vanholl 333

Денеска почна изградбата на втората фабрика на белгиската фабрика „Ван Хол“ која произведува автобуси, во ТИРЗ Бунарџик 2.

Инвестицијата е во вредност од 17 милиони евра и ќе се спроведува во три фази. Во првата фаза, како што кажа потпретседателот на компанијата Филип Ванхол, во септември годинава ќе се заврши магацинот. Во втората фаза во април 2017 година е предвидено отворање на четири нови производствени линии со кои двојно ќе се зголеми капацитетот за производство на автобуси, а во третата фаза во август 2017 година ќе биде изградена дополнителна комора за фарбање автобуси. Во новиот капацитет се предвидени 450 директни и околу 100 индиректни вработувања.

„Поставувањето на камен темелникот на вториот производствен погон на компанијата Ван Хол во Македонија е уште еден доказ дека економските политики на Владата за привлекување странски инвестиции даваат резултати и компаниите ја препознаваат земјава како одлична бизнис дестинација“, рече вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски.

Тој ја истакна компанијата Ван Хол како позитивен пример за соработката помеѓу странските и домашните компании и нагласи дека имаат соработка со повеќе од 300 домашни фирми, а како конкретен пример ја посочи соработката со штипска „Актива“ која како резултат на соработката во 2015 година отвори потполно нова фабрика во зоната во Штип со 300 вработувања.

Директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Виктор Мизо рече дека во првата фаза „Ван Хол“ инвестираше 25 милиони евра на површина од 39 илјади метри квадратни и го изгради производствениот погон кон крајот на 2013 започна со производство на автобуси на кои пишува произведени во Македонија.

„Досега компанијата има извезено над 1.000 автобуси, а во процес на производство се 137. Компанијата првично планираше да креира 400 работни места, но денеска во неа се вработени 825 лица“, рече Мизо.

Со изградбата на новиот производствен капацитет, додаде површината на компанијата ќе се зголеми повеќе од двојно, а бројот на производните линии ќе биде дуплиран со што ќе се зголеми производството на автобуси на годишно ниво, а бројот на вработените ќе достигне над 1.200.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП