21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНова улица покрај булеварот АСНОМ

Нова улица покрај булеварот АСНОМ

asnom 35888

Општина Аеродром деновиве изгради нова улица покрај реката Вардар на потегот од СЦ „Јане Сандански“ до булеварот „Србија“, поточно покрај булеварот „АСНОМ“.

Вкупната должина на новата улица изнесува околу еден километар, а широчината шест метри. Пред асфалтирањето на улицата беше изведена комплетна фекална и атмосферска канализација и водоводна мрежа.

Улицата, исто така, има тротоари од двете страни од по два метра и соодветно јавно осветлување, а има обезбедено и околу 200 паркинг-места, така што новата улица не само што ќе овозможи пристап до објектите што се градат покрај реката, туку и ќе им го олесни паркирањето на граѓаните од најблиските згради покрај булеварот „АСНОМ“.

Вкупната вредност за изградба на новата улица е околу 35 милиони денари, обезбедени од Буџетот на Општина Аеродром.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП