17 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Волстрит растот на инфлацијата ги притисна акциите

На Волстрит растот на инфлацијата ги притисна акциите

wall street

На Волстрит берзанските индекси во вторникот паднаа за еден отсто, губејќи ги сите добивки од претходниот трговски ден, бидејќи јакнењето на инфлацијата ги поттикна очекувањата дека американската централна банка Federal Reserve (Fed) во втората половина од годинава може да ги зголеми каматните стапки.

Индексот Dow Jones се лизна за 1,02 отсто, на 17.529 поени, додека индексот S&P 500 потона за 0,94 проценти, на 2.047 поени, а Nasdaq индексот загуби 1,25 отсто од вредноста, доаѓајќи на 4.715 индексни поени.

Падот на цените на акциите следеше откако беше објавено дека во април потрошувачките цени во САД пораснале за 0,4 отсто во однос на претходниот месец, најмногу во последните три години, додека на годишно ниво забележале раст од 1,1 отсто.

Јакнењето на инфлациските притисоци ги поттикна очекувањата американската централна банка во втората половина од годинава, сепак, би можела да ги зголеми клучните каматни стапки.

Досега таквите очекувања беа потиснати поради забавувањето на растот на американската економија и ниската инфлација. Вложувачите дополнително ги загрижија изјавите на неколку челници на Fed дека каматите оваа година би можеле да бидат зголемени дури во три наврата, а првпат веќе во јуни. А цените на акциите на Волстрит со години растеа токму благодарејќи на рекордно ниските камати на Fed.

На вредноста во вторникот загубија акциите во девет од десетте сектори на S&P 500 индексот, а најмногу во комуналниот и во секторот на произведувачите на стоки за широка потрошувачка, коишто обично се под притисок кога се очекува раст на цените на парите.

Така, во вторникот берзанските индекси ги загубија сите добивки од претходниот ден, кога пораснаа благодарејќи растот на цените на нафтата. Од половината на февруари индексот S&P 500 порасна за околу 13 отсто, надокнадувајќи ги сите загуби од почетокот на годинава, кога беше под силен притисок поради падот на цената на нафтата и слабостите на кинеската економија. Во моментов S&P 500 е речиси непроменет во однос на почетокот на годинава, бидејќи пазарот не успева дополнително да порасне поради забавувањето на растот на американската економија и анемичните деловни резултати на компаниите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП