19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕврозоната се враќа кон дефлација

Еврозоната се враќа кон дефлација

defla 33577

Еврозоната се враќа кон дефлација во април, покажуваат финалните податоци на Евростат.

Потрошувачките цени во валутниот блок се намалуваат за 0,2 отсто на годишна основа, што е во склад со очекувањата и пониско од нултата вредност, забележана во март.

На месечна основа, инфлацијата е нула, какви што беа и очекувањата, откако минатиот месец се забрза до 1,2 отсто.

Конечните податоци сигурно нема да ја смират Европската централна банка, која вложува напори да се справи токму со ниските цени преку големата програма за стимулации.

Разочара ефектот од стимулите, воведени во март 2015-та година, што ја поттикна ЕЦБ да ги прошири мерките како последната серија иницијативи од 10-ти март. Претседателот на ЕЦБ Марио Драги ги повика критичарите да дадат време на мерките за да дејствуваат. Според него тие работат и се соодветни, а националните влади, исто така треба да придонесат за обновата на економијата и на цените во еврозоната преку неопходните структурни реформи.

Инфлацијата во еврозоната е под целно ниво од 2% од март 2013-та година и под 1% од ноември 2013-та година, што самиот Драги го дефинира како опасната зона.

Најголем притисок во нагорна насока над инфлацијата на годишно ниво доаѓа од порастот на цените во рестораните и кафулињата. Тие генерираат 0,13 процентни поени од вредноста. Следат кириите (0,08 процентни поени) и тутунските помагала (0,05%). Транспортните горива бележат 0,54 процентни поени од вредноста, горивата за греење – 0,22 поени, а гас – 0,13 поени.

Во Европската унија, исто така се забележува дефлација во април, па цените паѓаат за 0,2% на годишна основа, откако во март инфлацијата беше нула. На месечна основа потрошувачките цени во целиот ЕУ растат со 0,1 отсто.

Највисока е инфлацијата во Белгија (1,5% на годишна основа) и Шведска (1% на годишна основа).


source: tradingeconomics.com

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП