3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените во Хрватска веќе две години паѓаат

Цените во Хрватска веќе две години паѓаат

hrvatska-hrvati

Стапката на инфлација во Хрватска, мерена според индексот на потрошувачките цени, се задржа во април на нивото од март на минус 1,7 проценти на годишно ниво.

Со тоа, со мали прекини, е продолжен трендот кој трае од февруари 2014 година, објави хрватскиот Државен завод за статистика.

Падот на цените на годишно ниво го поттикна поевтинување на превозот од 6,4 проценти, кое го поддржа падот на цените на горивото и мазутот од 10,9 проценти за лични превозни средства.

Дополнително на дефлацијата во април влијаеле и пониските цени на храната и безалкохолните пијалоци кои на годишно ниво паднале за 1,5 проценти, а кои во структурата на индексот на потрошувачките цени сочинуваат 27,44 проценти.

Падот на цените е забележан и во категоријата домување, вода, електрична енергија, гас и останати горива (3,0 проценти), за што придонесе падот на цената на гасот од 17,9 проценти, како и категориите образование (0,9 проценти), комуникации (0,9) и рекреација и култура (1,3 проценти).

Продлабочувањето на дефлацијата го запре годишниот раст на цените на облеката и обувките (1,8 проценти), здравството (1,3) и ресторанските и хотелските услуги (1,2 проценти).

Кога ќе се исклучат нестабилните компоненти на цените на енергијата и храната, кои во кошницата на потрошувачки цени сочинува повеќе од 50 проценти, базна годишна инфлација во Хрватска зебележала во април годишен раст од 0,5 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП