24 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАGS: откажете се од акциите, купувајте обврзници

GS: откажете се од акциите, купувајте обврзници

diler 353535

Американската инвестициска банка „Goldman Sachs“ ја намали инвестициската оценка на државните акции до „neutral“ за следните 12 месеци, велејќи дека нема суштински причини инвеститорите да поседуваат акции во овој период.

„Додека не видиме јасни сигнали за закрепнување на растот, не се чувствуваме удобно во однос на ризикот поврзан со акциите, особено во средина во која тие се блиску до највисоките нивоа на рејтингот“, коментираа од банката во писмо до своите клиенти.

„Goldman“ исто така ги остави оценките до „neutral“ и за пазарите на акции во Европа и Јапонија.

„ФЕД е многу помалку агресивен во политиката во однос на каматните стапки отколку што првично очекувавме, и разликата со централните банки во Европа и Јапонија се забави. Силните јен и евро почнуваат да тежат над пазарите во овие два региони“, се вели уште во анализата.

Од банката се неутрални и во однос на развиените азиски пазари, велејќи дека кинеската економија се претстават подобро од очекувањата од почетокот на годината. Сепак ризиците поврзани со пазарот во земјата, се задржуваат. „Goldman“ изјави дека ги преферираат должничките вредности пред акциите каде финансиските проценки се помалку „прерастегнати“.

„Goldman“ не се единствените кои се разликуваат од акциите. Глобалните портфолио-менаџери ја намалија изложеноста кон државните пазари до 6% во однос на 9% во изминатиот месец, според статистиката на „Bank of America-Merrill Lynch“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП